Утрински Весник
Македонија

Општина Арачиново нема да работи оти градоначалникот добил закани по живот

ВМРО-ДПМНЕ: Извештаите за беззаконието во  Арачиново покажуваат дека СДС и ДУИ ги претворија сите државни органи во алатки за корупција

Информативна служба на Општина Арачиново ги информира граѓаните дека општинската администрација од денеска нема да работи поради „безбедносни причини“откако градоначалникот доби закани по неговиот живот.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот Ридван Ибраими ги извести советниците за состојбата создадена по инцидентот на 23.05.2023 година и одлуката за прекин на работата на администрацијата како привремена мерка за заштита на вработените.

Како што се дополнува во објавата, сите советнички групи од сите политички партии првично го осудиле предметот и изразиле безрезервна поддршка до Претседателот и Општината како институција.

„Општинскиот совет на Општина Арачиново, бара законските, безбедносните и обвинителските органи итно да ги преземат сите активности согласно законите со цел обезбедување услови за нормално и непрекинато функционирање на Општинската управа, апелира граѓаните да ги поддржат своите легитимни претставници во Советот на општината во насока на нормализирање на безбедносната состојба со цел побрзо враќање на нормалноста на функционирањето на Општинската институција“, велат од Општината.

МВР вчера соопшти дека полициски службеници во вторникот го привеле 69-годишниот арачиновец Р.А., постапувајќи по пријава на градоначалникот Ибрахими, кој во СВР Скопје пријавил дека додека тој не бил присутен во општинската зграда, приведениот пред други присутни лица упатувал закани по неговиот живот. Според Ибрахими, заканите биле изречени „во врска со предмет за доделување на користење на земјиште“.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски