Утрински Весник
Економија

Казни за 110 фирми кои ги прекршиле мерките за замрзнати цени

Додека јас сум директор на Пазарен инспекторат, никој нема да биде над законот, тврди Трајковски

Во период од 15 до 21 мај 2023 година во земјава Државниот пазарен инспекторат извршил над 600 надзори. За време на надзорите се констатирани неправилности, за што се издадени над 110 прекршочни платни налози во вредност од над 2.660.000 денари.

dobivaj vesti na viber

„Државниот пазарен инспекторат постапува и по Одлуките донесени од страна на Владата кои се однесуваат на замрзнување на цените, одредување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на увозниците и на трговците да доставуваат стоки по претходно утврден редослед. По овие Одлуки во горенаведениот период, извршени се над 170 надзори, а издадени се 53 прекршочни платни налози во вредност од над 1,150,000 денари“ велат од ДПИ.

Оттаму појаснуваат дека сите економски субјекти, имаат можност да си ги платат прекшочните платни налози, или да си го остварат своето право доколку имаат забелешка во судска постапка. Инспекторите кои што констатирале прекршок кај економските субјекти ќе се појавуваат на судските рочишта, и ќе ги застапуваат и бранат законите по кои што ги констатирале прекршоците.

 

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“