Утрински Весник
Македонија

Казнети 137 возачи во Скопје, 40 за брзо возење

Денеска посебен сообраќаен режим во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.05.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол.

dobivaj vesti na viber

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за возач почетник, две санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можете да прочитате

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш

Мицкоски дециден: Уставни измени под уцена нема да има, заврши времето на политички марионети

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот