Утрински Весник
Спорт

Во Баерн доаѓаат засилувања од Манчестер Сити и од Јувентус

Во Баерн доаѓаат засилувања од Манчестер Сити и од Јувентус
Ss2

Баерн Минхен е на прагот да ја загуби титулата во Германија, првпат по повеќе од една деценија, но тоа само ги мотивира раководните луѓе на баварскиот клуб веднаш да се фатат за сериозна работа.

dobivaj vesti na viber

Како што открива „Билд“, веќе се договорени две големи засилувања за следната сезона. На барање на тренерот Томас Тухел, ќе бидат ангажирани нови фудбалери во нападот и во средиот ред.

300x250 (7)

Офанзивниот дел од тимот треба да го засили Хулијан Алварез, аргентинскиот репрезентативец кој е член на Манчестер Сити. Тој е во сенка на Ерлинг Халанд во клубот, а на Светското првенство докажа дека е одличен играч во дресот на „гаучосите“. Тој има цврст договор, но исто така и желба да добие многу поголема минутажа, што сака да го искористи Баерн Минхен и да го доведе на „Алијанц арена“.

Второто засилување доаѓа од Јувентус. Со него работата е многу почиста, затоа што договорот на Адриен Рабио истекува на крајот од сезоната, а тој нема намера да го продолжи. Ќе пристигне во Минхен како слободен агент и ќе потпише повеќегодишен договор. Неговата плата во Баерн Минхен треба да изнесува 7 милиони евра по сезона.

 

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари