Утрински Весник
Спорт

Се повреди Бојан Миовски, изнесен на носилки од теренот

Се повреди Бојан Миовски, изнесен на носилки од теренот

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се здоби со посериозна повреда и бепше изнесен до носилки од теренот на натпреварот меѓу Абердин и Сент Мирен од шкотското првенство. Над него грубо стартувал противничкиот играч Тиери Смол, а напаѓачот останал на тревникот и побарал медицинска помош.

dobivaj vesti na viber

По ова, Бојан Миовски на носилки е изнесен на теренот во 34.минута од мечот, а допрва ќе се утврдува нивото на повредата.

Ова може да биде сериозен проблем и за селекторот Благоја Милевски во пресрет на квалификациски натпревари на македонската репрезентација против Украина и против Англија во средината на јуни.

 

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија