Утрински Весник
Спорт

Французинот Арно Бинго ќе биде првиот странски ракометар во РК Алкалоид

Французинот Арно Бинго ќе биде првиот странски ракометар во РК Алкалоид
Dik 300x250 mk

Ракометниот клуб Алкалоид за премиерната сезона на европска сцена ќе се засили и со странски ракометари. Прво засилување треба да биде францускиот интернационалец Арно Бинго, кој како слободен ракометар ќе дојде во Македонија од редовите на Бенфика.

dobivaj vesti na viber

Се работи за лево крило, кој во минатото играше за Монпелје и за Трембле, а ја има освоено и Лигата на шампионите. Минатата сезона ја мина во португалскиот клуб Бенфика.

Бинго ќе биде прв странски ракометар во историјата на РК Алкалоид, клуб кој следната сезона ќе настапува во Европската лига на ЕХФ. Во зависност од саботниот натпревар против Вардар 1961, ќе биде познато дали Алкалоид ќе игра директно во групната фаза или ќе игра квалификациско коло.

Можете да прочитате

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс