Утрински Весник
Спорт

Апсења во Шпанија поради расните навредите кон Винисиус Жуниор

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!
Ss2

Тројца мажи се уапсени во Валенсија, а четворица во Мадрид поради бизарноста што ја приредија уште во јануари, соопшти шпанската полицијата. Уапсените на расна основа го наредувале фудбалерот на Реал Мадрид, Винисусис Жуниор.

dobivaj vesti na viber

Виниус, во неделата, го навредуваа на расна основа на „Местаља“ во Валенсија. Четворицата кои „паднаа“ во Мадрид се навивачи на Атлетико. Тие во јануари закачија кукла во дресот на Винисусис на еден од надвозниците во близина на тренинг центарот на Реал Мадрид. Беа потребни пет месеци тие да бидат уапсени.

Img 5587

Апсењата се направени по вревата што се крена во Шпанија и Европа по натпреварот помеѓу Валенсија и Реал на кој бразилски фудбалер претрпе тешки расистички навреди.

Поради овој скандал се огласи и претседателот на Бразил, Луис Игнасио Лула да Силва, кој изрази загриженост за Винисиус, кој во Шпанија е на мета на хулигани речиси на секое гостување.

По секој таков инцидент, Винисиус ја критикуваше Шпанија, со зборовите дека државата бавно реагира, а по последните навреди во Валнесија напиша дека „Шпанија е расиситичка земја“.

Во вторникот на социјалните мрежи фудбалерот објави компилација од навредите кои ги претрпел оваа сезона.

Сите уапсени се на возраст од 19 до 24 години.

Ss1

Можете да прочитате

УЕФА го зголеми бројот на играчите за ЕП 2024

Надал ги демантираше гласините за пензионирање по Ролан Гарос

Македонија се собра за бараж-двомечот со Фарски Острови