Утрински Весник
Македонија

По неколкумесечна пауза, приватните превозници повторно во јавниот превоз

Приватните превозници утре ќе ja блокираат „Илинденска“

Приватните автобуски превозници, по неколкумесечна пауза од денеска повторно започнуваат со сообраќање низ скопските улици откако постигнаа нов договор со Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

dobivaj vesti na viber

Веста беше објавена на фејсбук страната на ЈСП Скопје каде што се истакнува дека е потпишан договор со приватните автобуски превозници и од денеска тие повторно ќе почнат да сообраќаат низ улиците на главниот град.

Според објавата, договорот е потпишан од страна на новиот в.д. директор на ЈСП Скопје Крсте Петревски и претставниците на приватните превозници. Тие од денеска ќе ги опслужуваат линиите 23, 45, 61, 63, 73, 9, 11, 11A, 12, 47A, 55, 19, 20, 22, 52, 54, со, како што се вели, 105 модерни автобуси кои ги исполнуваат еколошките стандарди согласно јавниот повик.

„Со новиот начин на работа и стандардизацијата во јавниот превоз, граѓаните ќе добиваат квалитетна и навремена услуга, а буџетите на Град Скопје и ЈСП Скопје ќе бидат заштитени од злоупотребите и самоволието кое во минатото било пракса“, се вели во објавата на ЈСП Скопје.

Инаку приватните превозници не сообраќаа од ноември минатата година откако им беше раскинат договорот од страна на Град Скопје поради, како што тогаш беше изнесено, неиспорачување на услугите од страна на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“.

Можете да прочитате

Советот на Европа бара од Владата детални информации за апсењето на Фуркан Салиу 

Јакимовски за ВМРО-ДПМНЕ: Вакви лажговци и измамници оваа држава не памети, дома глумат патриоти а надвор коленичат и ветуваат дека ќе го сменат Уставот

Владата го задолжи МВР да достави комплетна информација за случајот со новинарот Фуркан Салиу