Утрински Весник
Свет

Девет лица уапсени поради детска порнографија во БиХ

Девет лица уапсени поради детска порнографија во БиХ

Девет лица уапсила полицијата во Босна и Херцеговина под сомнение дека искористувале деца за порнографија, потврди Министерството за внатрешни работи на Република Српска.

dobivaj vesti na viber

Апсењата ги извршиле членови на одделот за високотехнолошки криминал на управата за криминалистичка полиција во соработка со полицијата од Бјелина, Добој и Бања Лука.

Полициски претреси се извршени на осум локации кои ги користеле уапсените и каде, како што се сомнева, се вршени кривични дела. Одземени се компјутери, таблети, телефони и меморија и сим картички. Освен за детска порнографија, уапсените се товарат и за перење пари и недозволено поседување оружје.

Локалните медиуми објавија дека уапсените извршиле злосторства со посета на веб-страници кои содржеле материјали со фотографии со детска порнографија.

Тие преземале фотографии и видеа од овие страници, ги зачувале, а потоа ги споделувале преку социјалните мрежи и апликации.

Тие рекламираа такви снимки на социјалните мрежи и ги продаваа на други луѓе преку PayPal, пишуваат медиумите.

Можете да прочитате

Автобус излетал од пат во Перу, најмалку 10 лица загинале

Во април благ пораст на светските цени на месото, растителните масла и житарките

И шпанските студенти подготвуваат протести против Израел