Утрински Весник
Свет

По 13 години ѝ го нашле дијамантскиот прстен што ѝ паднал во тоалет и се изгубил во канализацијата

По 13 години ѝ го нашле дијамантскиот прстен што ѝ паднал во тоалет и се изгубил во канализацијата

Жена која случајно го фрлила својот дијамантски венчален прстен во тоалет, е запрепастена што 13 години подоцна ѝ е најден накитот.

dobivaj vesti na viber

Мери Странд (71) и нејзиниот сопруг Дејвид (75) од Минесота се во брак 46 години, а пред 13 години Дејвид за нивната 33-годишнина ја изненадил сопругата со неверојатен дијамантски прстен.

Сепак, накитот кој има голем дијамант опкружен со 16 помали камења, не и бил баш точен на Мери и ѝ се лизнал од прстот во веце шолјата додека ја користела и се изгубил во канализација.  Уништената Мери мислела дека го изгубила драгоценото парче засекогаш, сè до пред само неколку недели кога примила повик и ја известиле дека прстенот бил пронајден, по повеќе од една деценија, во станица за третман на вода на само четвртина милја оддалечена од нејзиниот дом.

Приказната за исчезнатиот прстен на Мери и неговото неверојатно повторно откривање беше споделена минатата недела од страна на владина агенција специјализирана за услуги за метрополитенскиот регион на збратимени градови, а ја објави и „Дејли мејл“.

На својата веб-страница и во видео на „Јутјуб“, агенцијата откри како Мери во 2010 година ужасната гледала кога прстенот ѝ паднал и се изгубил во цевката на тоалетот.  Со рака се обидела да го најде, а кога не успеала го повикала Дејвид, кој има бизнис за канализација и одводи, да дојде на помош.

Дејвид го извадил тоалетот со надеж дека ќе го ослободи прстенот, па дури пуштил и камера 200 стапки по одводот. Откога не успеал, парот се обратил до општинските работници за да ги проверат цевките во градот, но од таму уште еднаш биле разочарани.

Мери изгубила секаква надеж и прифатила дека никогаш повеќе нема да го види својот накит. Но, 13 години подоцна, добила повик за кој мислела дека никогаш нема да го добие. Во март, тројца работници во отпадни води го пронашле прстенот додека се обидувале да поправат машина. Кога погледнале, виделе блесок од злато како лебди во водата и тогаш почнале еднонеделна јавна кампања за да се најде сопственикот.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година