Утрински Весник
Македонија

Грк и Австриец фатени со дрога на Табановце

На Табановце се чека до 40 минути за излез од државата

Двајца странски државјани вчера биле фатени со дрога на граничниот премин Табановце.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР, се работи за Н.К.(65) од Република Грција и Х.Ф.М.(46) од Австрија.

При преглед во патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, кое го управувал Н.К., а сопатник бил Х.Ф.М., биле пронајдени и одземени марихуана, епрувети со кафеава течност и други предмети.

Лицата биле предадени на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Куманово за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

Филиповска Тодорчевска: На Скопје му недостига долгорочна визија за развој

Филиповска Тодорчевска: Кај „Треска“ се планираат околу 6.000 жители на само три хектари

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам