Утрински Весник
Спорт

(Видео) Шок во Минхен – Лајпциг го победи Баерн

(Видео) Шок во Минхен – Лајпциг го победи Баерн

Шокантен пораз на домашен терен доживеа Баерн Минхен. Лајпциг славеше во Минхен со 3:1, си обезбеди место во Лигата на шампионите и веројатно го остави Баерн без шампионската титула. Баерн има бод и натпревар повеќе од Борусија Дортмунд. „Милионерите“, утре имаат тешко гостување кај Аугсбург кој се бори за опстанок во Бундес лигата.

dobivaj vesti na viber

Баерн имаше предност по првиот дел, со голот на Гнабри во 25.минута. Во вториот дел на Баварците им се случи вистинска катастрофа. Играчот кој од наредната сезона ќе игра за Баерн, Лајмер, во 65.минута израмни на 1:1.

До крајот Лајпциг постигна два гола од пенал. Нкунку погоди во 76., а Собослаи во 86.минута.

Можете да прочитате

Роналдо му ја честита титулата на Спортинг

Стојоски собори државен рекорд стар 44 години

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот