Утрински Весник
Македонија

Времето утре променливо облачно, попладне со локален пороен дожд

УХМР: Кон крајот на денот можни се врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени, информираат од УХМР.

dobivaj vesti na viber

И во Скопје утре променливо облачно време, во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Од УХМР велат дека во следните денови нè очекува период на променливо облачно и топло време, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследени со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Можете да прочитате

Стокомак објави колкав К-15 ќе исплати годинава – Го надмина и КАМ маркет

Во септември обвинение за полициските службеници осомничени за пожарот во „Пулс“, најавува Коцевски

АХВ воведе мерки за заштита од болеста чума кај малите преживари и за Косово