Утрински Весник
Свет

(Видео) Пригожин тврди дека платениците на „Вагнер“ го освоиле Бахмут, Украина демантира

Убиства, алкохол и проститутки: Вагнеровците се враќаат дома и ги тероризираат граѓаните
Dik 300x250 mk

Шефот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави дека неговите сили целосно ја презел контролата врз украинскиот град Бахмут.

dobivaj vesti na viber

„Денеска во 12 часот целосно го освоивме Бахмут“, рече Пригожин во видеото на кое е прикажан во борбена униформа заедно со голем број борци кои држат руски знамиња и транспаренти на приватната воена формација Вагнер.

Тој додаде дека неговите сили ќе почнат да се повлекуваат од Бахмут на 25 мај со цел да се одморат и прераспоредат .

„Целосно го окупиравме целиот град, од првата до последната куќа“, додаде Пригожин.

Додека Пригожин ја даваше оваа изјава, во позадина се слушаа експлозии.

Украинската војска го отфрли неговото тврдење. Портпаролот на украинската армија за британски „Скај њуз„ изјави дека тоа не е вистина и дека во Бахмут се уште траат тешки борби.

Можете да прочитате

Тројца загинати, осуммина исчезнати во лавина во Непал

Ердоган: Израел продолжува со окупација и напади врз Појасот Газа

Медведев: Колку повеќе пари Западот троши за Киев, толку повеќе територии ќе ѝ се вратат на Русија