Утрински Весник
Македонија

Жителите на Влае се противат на изградба на зграда од 11 ката

Жителите на Влае се противат на изградба на зграда од 11 ката

Иницијативата „Борба за Влае“ е против промена изгледот на улицата Есперанто, на која е предвидено да се гради 11-катница. В недела напладне на плоштадот Делфина во населбата, тие  ги канат на средба советниците и градоначалниците на општина Карпош и на Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Жителите на Влае, собрани под иницијативата „Борба за Влае“, во дописот испратен до јавноста велат дека се обидуваат да ја задржат улицата северно од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во својата моментна состојба. Загрижени се од активностите на Општина Карпош за носење нов урбанистички проект за улиците Есперанто и Ангел Динев во населбата Влае 2, токму околу основното училиште.

Овој урбанистички проект, тврдат од иницијативата, би ѝ овозможил на Општината да почне со работа на терен, без претходно изгласување на предлог-детаљниот урбанистички план (ДУП) од страна на советниците во Општината.

 

Можете да прочитате

Топлиот бран во Македонија продолжува се до крајот на оваа недела!

Со поддршка на Агенцијата за филм во моментов се снимаат три македонски долгометржани филмови

Костовски се заблагодари за кандидатурата: Одимe на победа, Куманово може подобро!