Утрински Весник
Спорт

Кражбата во неговиот дом го спречи Кирјос да игра на Ролан Гарос

Кражбата во неговиот дом го спречи Кирјос да игра на Ролан Гарос

Австралискиот тенисер Ник Кирјос го откажа учеството на Ролан Гарос поради повреда на стапалото, со која се здобил при кражба во неговата куќа во Канбера, открија медиумите од оваа земја.

dobivaj vesti na viber

Провалникот и се заканил на мајката на тенисерот и го украл автомобилот на Кирјос. При тепачката со напаѓачот, 28-годишниот тенисер го повредил стапалото и се здобил со поголема расеченица.

Еден човек беше уапсен во Канбера набргу по грабежот на почетокот на овој месец, а Кирјос и помогнал на полицијата користејќи апликација за следење на автомобилот.

Менаџерот на австралискиот тенисер Даниел Хорсфал изјави дека раната сѐ уште не е зарасната. Тоа го принуди Кирјос да се повлече од егзибицискиот меч против Холгер Руне во Данска и од Отвореното првенство на Франција, на кое последен пат настапи во 2017 година.

Кирјос не играл на турнири од октомври минатата година, откако снимките покажаа дека има и циста на менискусот.

 

Можете да прочитате

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл