Утрински Весник
Свет

(Видео) Поранешен командант на „Вагнер“ кој пребега во Норвешка сака да се врати во Русија

(Видео) Поранешен командант на „Вагнер“ кој пребега во Норвешка сака да се врати во Русија

Поранешниот командант на руската платеничка група „Вагнер“, кој побара азил во Норвешка откако ја премина руско-норвешката граница во јануари, изјави во средата дека сака да се врати во Русија иако верува дека тоа може да претставува ризик за неговиот живот, пренесува „Џерусалем пост“.

dobivaj vesti na viber

Андреј Медведев (26), кој претходно зборуваше за времето кога се борел во Украина, во едно од неколкуте видеа објавени на Јутјуб рече дека сам одлучил дека сака да се врати во својата татковина.

Медведев рече дека се почувствувал како „некое момче во игра на возрасните“ од која повеќе не сака да биде дел.

„Неодамна решив дека сум подготвен да се вратам во Руската Федерација. Ја контактирав Руската амбасада во Осло за помош, за да си го олеснам враќањето“, рече Медведев во едно од петте куси видеа.

Тој избегал од Русија преку нејзината арктичка граница со Норвешка во јануари минувајќи низ огради од бодликава жица, избегнувајќи ја граничната патрола со кучиња, и слушајќи ги руските граничари како пукаат додека трчал низ шума и преку замрзната река.

Неговата приказна се најде на насловните страници низ светот како редок пример на некој што пребегнал во западна земја и тврди дека се борел за платеничката група „Вагнер“ во Украина.

Во тоа време, Медведев рече дека бара азил во Норвешка бидејќи се плаши за својот живот откако бил сведок на убиствата и малтретирањето на руските затвореници регрутирани од платеничката група да се борат во Украина.

Во видеото објавено во средата тој вели дека „утре“ ќе ги предаде документите за кои верува дека ќе помогнат да се олесни неговото враќање.

„Се надевав дека тука ќе најдам мир и спокој, дека ќе ја оставам зад себе сета политика, војна, војска, но некако не можев да се снајдам. Ќе видиме што ќе се случи во Русија. Ако ме убијат, во ред. Ако не го сторат тоа, многу благодарам “, рече Медведев на руски јазик.

Медведев во април беше осуден за учество во тепачка во бар во Осло и за носење воздушен пиштол. Тој изјави за Ројтерс во тоа време дека ја планира иднината, студира норвешки јазик и се надева дека ќе добие азил.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години