Утрински Весник
Македонија

Дилерите на дрога и оружје завршија во притвор – робата ја криеле во Сингелиќ и Арачиново

Дилерите на дрога и оружје завршија во притвор – робата ја криеле во Сингелиќ и Арачиново

Скопскиот суд доцна синоќа за 14 осомничени ги прифатија предлозите на обвинителството и со Решение им определија мерка притвор во траење од 30 дена, додека на едно лице поради здравствена состојба му е определена мерка куќен притвор.

dobivaj vesti na viber

Денеска ќе биде определен притвор за трите лица што се недостапни на органите на прогонот и кој ќе се изврши од моментот на нивното пронаоѓање.

Како што вчера информираа од Обвинителството по големата акција на специјалците, под истрага за неовластена трговија со дрога и оружје се 18 лица. Тие, робата ја набавувале од Албанија и Косово, а ја криеле во Сингелиќ и Арачиново. Двајца од осомничените се сопственик и управител на стрелиште и нелегално продавале муниција набавена за потребите на стрелиштето,

 

Можете да прочитате

Возел без дозвола, под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен гостиварец

Бабовски: Влашкиот народ никогаш не бил само нем посматрач на историјата, туку активен градител на цивилизациските вредности

Учество на министерот Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг