Утрински Весник
Свет

Путин и Раиси договорија заедничка изградба на железница

Путин и Раиси договорија заедничка изградба на железница

Москва и Техеран заеднички ќе го финансираат проектирањето и изградбата на железничката делница Рашт – Астара, долга приближно 170 километри, која е дизајнирана да ги поврзе копнените делови на меѓународниот транспортен коридор север – југ, што ќе ја зголеми економската ефикасност на Транскасписката рута, пренесува ТАСС.

dobivaj vesti na viber

Планирано е линијата Рашт – Астара да ја градат Москва и Техеран, а линијата Астара (Иран) – Астара (Азербејџан) ќе ја градат Москва, Техеран и Баку.

„Денеска сме сведоци дека една идеја стара повеќе од 20 години станува реалност. Се чини дека ова е мала делница, но нејзиното пуштање во употреба ќе овозможи воспоставување директна и, како што велат експертите, непрекината железничка комуникација по целата должина на правецот север – југ“, изјави рускиот претседател Владимир Путин на церемонијата на потпишување на договорот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Според Путин, изградбата на транспортната артерија е голем и значаен проект дизајниран да ги поврзе руските пристаништа на Балтичкото и Северното Море со иранските пристаништа на брегот на Персискиот Залив и Индискиот Океан.

Одлуката за соработка на Русија и Иран на меѓународниот транспортен коридор север – југ беше донесена во јули 2022 година на самитот во Техеран.

Најважно и за Русија и за Иран е зајакнувањето на трговските, економските и на другите билатерални врски, кои, според рускиот претседател, се градат врз принципите на добрососедство, почитување и вреднување на заедничките интереси.

„Унифицираната транспортна линија север – југ, чиј дел ќе стане железницата Рашт – Астара, ќе помогне значително да се промени глобалниот сообраќај. Транспортот по новиот коридор ќе има значителни конкурентски предности“, рече Путин.

Благодарение на новата железница, ќе се заштедат време и пари, ќе се зголеми обемот на товарниот сообраќај, ќе се зајакне транзитниот потенцијал на Русија и Иран, а нивните стоки ќе имаат попогоден и географски разновиден пристап до странските пазари.

Во создавањето на споменатиот коридор учествува и Азербејџан, кој, според Путин, претставува неопходна правна основа за понатамошна успешна соработка меѓу овие три земји.

Првиот заменик-директор на Руските железници, Сергеј Павлов, во март изјави дека изградбата на делницата се проценува на речиси 1,6 милијарда долари. Според одлуките за проектирање на иранската страна, изградбата на пругата ќе трае четири години.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина