Утрински Весник
Македонија

Македонското знаме во Пловдив ги испровоцира Бугарите: „Македонците да сфатат дека Македонија е Бугарија“

Македонското знаме во Пловдив ги испровоцира Бугарите: „Македонците да сфатат дека Македонија е Бугарија“

Знамето на Република Македонија се вее од тераса во населбата „Ќучук Париз“ во Пловдив. Фотографии од социјалните мрежи ги пренесе сајтот „трафикњуз“ со наслов „Провокација или патриотизам“.

dobivaj vesti na viber

Повеќето коментари на социјалните мрежи содржат споредба на односот кон Бугарите во Македонија.

„Можам само да замислам да го ставам бугарското знаме во Македонија“, напиша еден од корисниците. Во продолжение одговорот: „Едноставно ако го закачиш ќе изедеш голем ќотек а тука си траеме“.

Друг човек пишува дека во блокот живеел Македонец долги години, но до сега таму немало такво знаме.

„Во никој случај, не велам дека насилството е неопходно, само тоа нема да помине со коментари на Фејсбук“, напиша друг корисник.

„Ќучук ја изградија иселениците од Вардар, Егејска Македонија и Белото Море. Новосоздаденото Македонче може да се шета по маало и да ги запознае сите улици. И да сфати дека Македонија е Бугарија“, изјавува друг жител на соседството.

Можете да прочитате

Исплатата на Мој ДДВ во тек, досега исплатени 552 милиони денари

Поминуваат каде ќе стигнат со телефон на уво или слушалки – Летаат казни за пешаци

Пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка