Утрински Весник
Спорт

Барселона тргнува по Кимих; Чави е неговиот идол од детството

Барселона тргнува по Кимих; Чави е неговиот идол од детството

Барселона тргна во тотална офанзива бидејќи наводно Џошуа Кимих сака да го напушти Баерн Минхен и да се пресели на „Камп ноу“. Оваа вест ја донесе „Мундо депортиво“ со напомена дека Кимих е вознемирен од целата ситуација во Баерн при смената на Јулијан Нагелсман, која целосно ја подели соблекувалната на тимот.

dobivaj vesti na viber

Кимих и Горецка јавно се изјаснија против таа одлука и застанаа зад поранешниот тренер.

Германецот би бил одлична замена за капитенот во заминување, Серхио Бускетс.

Кимих има 28 години, тој е во својата најдобра фудбалска возраст, а веќе неколку сезони игра во својот врв. Може да игра и на позицијата десен бек, иако во последните години е профилиран како последен играч за врска.

Посебен момент во оваа приказна дава фактот дека Кимих никогаш не криел дека Чави Ернандез, тренерот на Барселона, му е идол уште од детството.

Можете да прочитате

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место

Хрватска се намачи за да ја совлада Грузија

„Сантијаго Бернабеу“ ги исвирка играчите на Реал Мадрид