Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ:Додека министерот за здравство Меџити живее во куќа од скоро милион евра, животот на пациентите со цистична фиброза виси на конец

ВМРО-ДПМНЕ:Додека министерот за здравство Меџити живее во куќа од скоро милион евра, животот на пациентите со цистична фиброза виси на конец
Img 7972

Додека Меџити живее во куќа од скоро милион евра, животот на пациентите со цистична фиброза виси на конец, лек Трикафта и понатаму нема за сите, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Оттаму додаваат дека пет месеци пациентите со цистична фиброза се оставени без лекот Трикафта.

„Пет месеци владата на СДС, ДУИ и Алијанса на Албанците не можат да обезбедат лек за сите 140 пациенти. Нов министер, стари проблеми. Пациенти умираат, останатите едвај преживуваат, а министерот за здравство Меџити наместо да даде јасен одговор, изјавува дека не зависи се од него.

Па, јавно прашуваме ако владата и министерот за здравство Меџити не можат да набават лек за 140 пациенти, тогаш како може да очекуваат граѓаните да ги подобрат состојбите во здравството?

Бараме под итна реакција од надлежните, и одговор од министерот за финансии Фатмир Бесими уште колку ќе се чека лекот да биде набавен?“ прашаа од опозициската партија.

Како што велат, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дала поддршка за законските измени се со цел да се обезбедат потребните финансиски средства за лекот, а лек се уште нема.

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата на СДС, ДУИ и Алијанса на Албанците дека ги дели луѓето и по болест и целосно го урнаа здравствениот систем.

„Доста е од негрижата и неспособноста на владата. Потребни се итни промени“ порачаа од партијата.

Можете да прочитате

Денеска во Скопје дигитален самит на Западен Балкан (WBDS) 2025

СИБИРСКИ БРАН: Ќе наврне над 60 сантиметри снег, а ќе има и појава на мраз!

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа