Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Сопругата на Имран Кан обвинета за корупција

Сопругата на Имран Кан обвинета за корупција
300x250 opst2

Бушра Кан, сопругата на поранешниот пакистански премиер Имран Кан, е обвинета за корупција во истиот случај што доведе до негово апсење на 9 мај.

dobivaj vesti na viber

Британските медиуми наведуваат дека Имран Кан вчера ја придружувал сопругата до судот, каде и била одредена кауција.

Бушра Кан е позната по нејзината духовност и приврзаност кон суфизмот, мистична форма на исламот, а нејзиниот сопруг често ја нарекувал негов духовен водач, наведуваат британските медиуми.

Бушра, иналку поранешна играчка на крикет, откако се омажи со Имран, последните децении ретко се појавувала во јавноста.

Пакистанскиот суд минатата недела нареди ослободување на поранешниот премиер Имран Кан со кауција во траење од две недели, откако неговото апсење за наводна измама со земјиште предизвика масовни протести.

Апсењето, што Врховниот суд го прогласи за „невалидно и незаконско“, поттикна нестабилност во нацијата од 220 милиони луѓе, која е зафатена од економска криза, рекордна инфлација и одложено финансирање од ММФ, додаваат британските медиуми.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори