Утрински Весник
Магазин

Марта Стјуарт ја краси насловната на „Спортс илустрејтед“

Марта Стјуарт ја краси насловната на „Спортс илустрејтед“

81- годишната деловна жена, телевизиско лице и писателка Марта Стјуарт позира за насловната страница на магазинот „Спортс илустрејтед свимсјут“.

dobivaj vesti na viber

Таа влезе во историјата како најстара жена што позирала во костим за капење за корицата на овој магазин.

„Кога слушнав дека ќе бидам на насловната страница на Sports Illustrated Swimsuit, си помислив: ох, тоа е навистина добро, ќе бидам најстарата личност досега на таа насловна. Не размислувам многу за годините, но сметам дека ова е некако историско“, изјави Марта во интервју.

Новинарите на магазинот ја контактирале во ноември 2022 година, а снимањето било во јануари 2023 година.

„Да се биде на насловна страница на мои години е предизвик. И мислам дека го исполнив“, изјави Марта во емисијата „Тудеј“.

Пред фотосесијата, вели таа, вежбала пилатес и, неколку месеци избегнувала леб и тестенини.

„Луѓето со кои работев постојано ме охрабруваа. Ми велеа дека изгледам добро. Така и се чувствував, добро. Тие на некој начин потврдуваат дека е во ред да го правите тоа што го правите.“

Иако малку се двоумела околу позирањето за насловна, сепак се согласила. „Мислам дека сите треба да размислуваат за добар живот, успешен живот, а не на стареење. Целата работа со стареењето е толку досадна,“ вели таа.

Кариерата на Стјуарт започна како модел на 15-годишна возраст. Потоа работела како брокер на Волстрит. Подоцна започна угостителски бизнис, кој прерасна во лајфстајл медиумска компанија.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста