Утрински Весник
Македонија

Пак фрчат административни казни за матичните лекари, 15 илјади за грешна шифра иако пациентот го добил лекот што му треба

Пак фрчат административни казни за матичните лекари, 15 илјади за грешна шифра иако пациентот го добил лекот што му треба

Казните за кои со поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување Стево Крстевски беше ставен мораториум, матичните лекари се жалат дека повторно им стигнуваат. Неколкумина матични лекари добиле казна од 15.000 денари за административен, не медицински прекршок направен пред неколку години.

dobivaj vesti na viber

„Од Велес веќе двајца колеги се пожалија дека ја добиле истата казна за која се договаравме и со поранешниот министер и со поранешниот директор на Фондот дека треба да се поништи и Фондот повеќе да не казнува за такви прекршоци. Се работи за внесена погрешна шифра на некоја рецепта, административно, која не ја менува терапијата за пациентот, тој го добива она што специјалистот напишал дека треба да го добие. На толкав обем на работа не е ни чудо да се згреши шифра, матичните не се роботи, но тоа административно може да се исправи. Токму затоа беше ставен мораториум на ваквите казни за кои има и приговори, но еве колегите веќе се жалат дека повторно ги добиваат и тоа за прекршоци направени пред повеќе од две години“, вели Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Република Македонија.

На социјалните мрежи матичните лекари споделуваат повици да не се потпишуваат казните, но казнетите лекари велат дека им е преку глава од преписките со Фондот и најавуваат дека ќе ги платат и со душа ќе чекаат да се пензионираат.

Од Фондот за здравствено осигурување најавија одговори на прашањата од „Макфакс“ за казните на матичните лекари во текот на денот.

На сите досегашни протести едно од барањата на матичните беше да се укинат административните казни и да се поедностави начинот на издавање рецепти.

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон