Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски предводи фронт против ЕУ, за заштита на криминалот

Ковачевски: Владата и ЕСМ обезбедија стабилно снабдување со струја и парно во услови на најголемата светска енергетска криза

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Ковачевски предводи фронт против ЕУ, за заштита на криминалот.

dobivaj vesti na viber

„Ковачевски свесно злоупотребува европско знаменце за да протурка законски решенија кои немаат ништо поврзано со ЕУ интеграцијата на Македонија.

Законските решенија кои Ковачевски ги турка дел се и противуставни.

Ковачевски, СДС и ДУИ ја загрозуваат европската иднина на Македонија заради нивните криминални интереси.

Евроамбасадорот Гир јавно посочи дека Ковачевски не треба да го злоупотребува европското знаменце.

Ковачавески со договорот со Бехтел и Енка ги загрозува и начелата на транспарентност и конкурентност кои Македонија ги прифатила со Договорот за стабилизација и асоцијација, а кој е иницијална фаза за нашиот пат кон ЕУ“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оценуваат дека Ковачевски само ја злоупотребува ЕУ и го руши нејзиниот углед во Македонија.

Единствен спас за Македонија да тргне кон ЕУ, како што е подвлечено во соопштението од опозициската партија, е промена на Ковачевски, СДС и ДУИ.

Можете да прочитате

Повлекувани 4.295 денари на сите граѓани кои купувале онлајн преку маркетите за козметика “ДМ“ или лажна страна

Обвинителството отвори постапка по скандирањата за „Голема Албанија“ и „Илирида“ на натпреварот Шкендија – Карабах

Успешно е спасен параглајдеристот кој висеше на дрво високо над 30 метри (ФОТО)