Утрински Весник
Свет

Ширеф: „Војната во Украина ќе трае со години“

Ширеф: „Војната во Украина ќе трае со години“

Поранешниот заменик врховен командант на НАТО, Ричард Ширеф, во изјава за „Скај њуз“ рече: „Ако Британците или другите западноевропски земји и Америка и дадоа оружје на Украина пред една година, кога тоа беше неопходно и итно, ние немаше денес да зборуваме за тоа.

dobivaj vesti na viber

Резултатот од тоа, се разбира, е дека за украинската контраофанзива, кога до тоа ќе дојде, ќе биде неопходен силен напор за да се постигне посакуваниот успех.

Ширеф ги коментираше и тврдењата на Владимир Зеленски дека Украина ќе ја победи Русија до крајот на оваа година.

„Посакувам да беше така, тоа ќе беше сјајно, но војувањето не е лесно. Тоа бара значителна логистика, понекогаш и промена на плановите, обука и поддршка од Западот за конечно да го постигнеме она што сакаме да го направиме“, заклучува тој.

Можете да прочитате

По 20 години, уапсен е еден од најбараните бегалци по кои ФБИ имаше издадено потерница

Интерпол уапси повеќе од 1.000 осомничени за кибер криминал во Африка

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан