Утрински Весник
Свет

Сунак го пречека Зеленски со прегратка

Сунак го пречека Зеленски со прегратка

Британскиот премиер Риши Сунак објави фотографија на својот Твитер профил на која се гледа прегратка со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

„Добре дојдовте назад“, гласи твитот на Риши Сунак, кого Зеленски денеска го посети на неговиот имот, недалеку од Лондон.

Зеленски му се заблагодари на британскиот премиер за сета поддршка што Обединетото Кралство ѝ ја пружи на Украина од почетокот на рускиот напад.

„Вашата поддршка ни значи многу, направивте многу. Вие, вашата влада, неговото височество кралот и секако вашиот народ, вашето општество“, му рече Зеленски на Сунак.

„Ние сме благодарни од се срце. Ја пренесувам благодарноста на сите Украинци, пред се нашите војници“, додаде украинскиот претседател.

Можете да прочитате

Макрон вечерва се обрати до нацијата – Никој нема право да ја уништува Франција

Трамп за насилните протести: Франција гори, затворете ги границите и преземете контрола

Украина соопшти дека дроновите во воздрушниот простор на Литванија можеби биле нејзини