Утрински Весник
Македонија

Средношколци ја реновираат тетовската болница, додека министерот за здравство се слика по конгреси

Средношколци ја реновираат тетовската болница, додека министерот за здравство се слика по конгреси

8 средношколци од Тетово волонтери во Црвен крст го реновираа детското одделение во тетовската олница. Тие направија повеќе
работилници за да соберат пари и со обезбедените средства направија уредување на повеќе простории во детското одделение.

dobivaj vesti na viber

-Направено е бојадисување на три соби во детското одделение, ходниците, соба за чекање, амбуланта и соба за ЕХО. Потоа на ѕидовите ставија постери и стикери со ликови од цртани филмови, обезедени се нови постелнини за креветите и купени се два инхалатори,
рече Ливета Арслани, наставничка и десиминатор во проектот.

Во општинската организација на Црвен крст Тетово како волонтери се вклучени 30 ученици од средните училишта поделени во повеќе групи. Вчера една од групите почна акција за собирање на средства за помош на повеќечлено семејство со социјален ризик од Сиричино.

Министерот за здравство ниту им честита, ниту им се заблагодари. Денеска си објави слики од конгрес.

Можете да прочитате

Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“

СДСМ: Што е со 5 тони дрога, што е со 100 тони што се запленети пред камери

Сопственик на златара се обидел да криумчари 4 милиони денари вреден златен накит преку Богородица