Утрински Весник
Македонија

Најчевска за коридорите: Се менуваат закони за да се направат легални одредбите од договорот

Најчевска за коридорите: Се менуваат закони за да се направат легални одредбите од договорот

Се менуваат закони за да се направат легални одредбите од договорот кои се надвор од постоечките закони. Вака професорката Мирјана Најчевска го коментира европското знаменце за предлог измените на петте закони за коридорите кои се во собраниска процедура.

dobivaj vesti na viber

На социјалните мрежи, Најчевска пишува дека е склучен договор надвор од постоечките закони, додека од пратениците се бара да изгласаат промени на законите без да го видат договорот.

Владата ги штити интересите на фирмата – страна во договорот наспроти интересите на државата и граѓаните, пишува Најчевска.

За да се оправда скратената постапка и избегнувањето на регуларна демократска процедура се става европско знаме на законски промени кои немаат врска со прилагодување на нашето законодавство кон европското, се додава во коментарот на Најчевска.

Можете да прочитате

Претседателот на РКЕ, Бислимоски поднел оставка

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на договори

Левица: Власта со нов закон го силува правото и ја продолжува легализацијата на дивоградби