Штипски гимназијалец кој е полнолетен, на социјалната мрежа „Инстаграм“ објавил текст со заканувачка содржина. Што стоело во објавата која била прикачена како „стори“, надлежните органи не откриваат.
Ова е прва закана на социјална мрежа во изминатиот период, додека во Скопје и Тетово деца правеа списоци со соученици, кои по содржината беа слични на списокот кој го направи ученикот убиец од Србија кој изврши масакр. Штипјанецот е уапсен.
„Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Д.(18) од Штип, бидејќи во 12.18 часот во СВР Штип, од гимназијата во Штип, каде тој е ученик, било пријавено дека на неговиот профил на Инстаграм објавил текст со заканувачка содржина“, велат од МВР за „Макфакс“.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полицијата реагираше и во претходните денови. Ученици од две основни училишта во Скопје правеа списоци, но и ученик од Тетово кој го ставил во тоалетот.