Утрински Весник
Спорт

Ливерпул ќе потроши 60 милиони евра за играч на Спортинг

Ливерпул ќе потроши 60 милиони евра за играч на Спортинг

Фудбалскиот клуб Ливерпул ги крои плановите за летен шопинг. Јирген Клоп ќе направи целосна реконструкција на тимот. Планирани се засилувања во речиси сите линии.

dobivaj vesti na viber

Неколку недели, медиумите во Англија пишуваат дека Ливерпул го завршил трансферот на Алексис Мекалистер. За светскиот првак со Аргентина, Ливерпул на Брајтон ќе му плати околу 80 милиони евра.

Во четвортокот, медиумите ја лансираа информација дека Ливерпул води сериозни преговори за играчот од редот за врска на Спортинг Лисабон, Мануел Угарте.

Неговата откупна клаузула изнесува 60 милиони евра. Наводно Јирген Клоп веќе го одобрил овој трансфер.

Во оваа прилика се огласи и агентот на Угарте кој тврди дека се може да биде решено во наредните две недели.

Инаку, Угарте има исклучителни дефанзивни карактеристики и според бројни статистички параметри е на самиот врв во Европа кога се во прашање поседите и пресретнати напади, се она што му недостига на Ливерпул веќе некое време во средниот ред.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина