Утрински Весник
Македонија

Ковачевски избегна да одговори зошто на службеното патување во САД си ги земал и децата

Ковачевски избегна да одговори зошто на службеното патување во САД си ги земал и децата

Премиерот Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на стартот на канадска „Магна“ во Штип.

dobivaj vesti na viber

Прашан дали на неговото патување во САД го понел и неговиот син и дали тоа било на сметка на државата Ковачевски одговори дека таквите патувања, никогаш не биле на сметка на буџетот на државата.

Моето патување во САД, рече премиерот, беше ислкучително важно и успешно. На патувањата, како што додаде, понекогаш е придружуван од неговата сопруга, доколку тоа го налага протоколот.

И ниедно приватно патување на членови на неговото семејство, како што појасни, никогаш не било на сметка на државниот буџет.

На прашањето зошто на патувањето ги понел и неговите деца, и дали ќе ги покаже сметките, за тоа како е платено нивното патување, Ковачевски додаде:

„Моите деца патувања патуваат исто како и другите деца. И доколку е потребно јас за секое нивно патување или кога посетуваат нивни роднини или на пример мојот син игра фудбал и често оди во странство, доколку треба да и доставам на јавноста сметки тоа ќе го правам но сметам дека е непотребно со оглед дека како и сите други граѓани во држвата секој има право да патува“, подвлече премиерот.

Можете да прочитате

Освен во ,,Димо Хаџи Димов, во други училишта не се пронајдени патогени бактерии

Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена

Во прекин железничкиот сообраќај – машинскиот извршен персонал во бојкот