Утрински Весник
Свет

Зеленски се предомисли: За контраофанзивата ни треба повеќе време, не сме подготвени

(Видео) Зеленски од Херсон: Ќе вратиме сè што беше уништено во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на украинската армија ѝ треба повеќе време да ја подготви очекуваната контраофанзива, со цел да ги потисне руските окупаторски сили.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека би било неприфатливо да се изврши нападот сега, бидејќи ќе бидат изгубени премногу животи.

„Со она што го имаме можеме да напредуваме. Но, би изгубиле многу луѓе. Мислам дека тоа е неприфатливо. Затоа треба да почекаме. Ни треба уште малку време“ рече Зеленски.

Украинската контраофанзива се очекува со недели. Украина добива напредно западно вооружување, вклучувајќи тенкови и други оклопни возила, како и обука на Западот за нејзините војници додека се подготвува за очекуваниот напад.

Силите на Кремљ се длабоко вкоренети во источните региони на Украина со слоевити одбранбени линии длабоки до 20 километри.

Контраофанзивата на Киев најверојатно ќе се соочи со мински полиња, противтенковски ровови и други пречки, пренесува Асошиејтед прес.

Можете да прочитате

Администрацијата на Трамп оптимистички настроена околу постигнување договор за прекин на војната во Украина

Макрон: Само Украина може да одлучува за своите територии

Сијарто: Унгарија води суверена политика