Утрински Весник
Македонија

Ковачевски- Дингел: Целосна поддршка за Македонија во евроинтегративниот процес

Ковачевски- Дингел: Целосна поддршка за Македонија во евроинтегративниот процес

Премиерот Димитар Ковачевски, во Вашингтон се сретна со демократската конгресменка Деби Дингел од Мичиген. На средбата, двајцата соговорници ја поздравија и ја потенцираа долгата и важна врска меѓу Северна Македонија и САД.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Ковачевски ѝ се заблагодари на конгресменката Дингел за нејзините лични заложби и поддршка на нашата земја, но и воопшто на севкупните заложби на САД како наш пријател и стратешки партнер.

На средбата, Дингел истакна дека како долгогодишна пријателка на нашата држава, посебно е горда на придонесот на македонската заедница во Мичиген која исклучително ја цени. Притоа, Дингел изрази целосна поддршка за справувањето со предизвиците пред кои се наоѓа Северна Македонија, а кои ќе придонесат кон развој на државата.

Двајцата соговорници констатираа дека членството на нашата земја во НАТО придонесе кон безбедна и стабилна меѓународна клима не само во регионот од Западен Балкан, туку и во Европа.

На средбата, воедно беше истакнато и дека членството во Алијансата и во ЕУ ефективно ќе придонесат во адресирање и надминување на многу сложени прашања, кои се значајни за одржување на светската стабилност како и економскиот развој на регионот.

Можете да прочитате

Албанците со повик за бојкот на Кока-кола: Без ниту едно албанско име на етикетите

Богојевски разрешен од директорското место, но се шета во Њујорк од Еразмус!

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје – Тетово, на ГП „Табановце“ се чека половина час