Утрински Весник
Магазин

Поранешна девојка на Тајгер Вудс го обвини за сексуално вознемирување

Поранешна девојка на Тајгер Вудс го обвини за сексуално вознемирување

Ерика Херман, поранешната девојка на Тајгер Вудс која го тужи легендарниот голф играч за 30 милиони долари, тврди дека  ја принудил да потпише договор за необјавување податоци за нивната сексуален однос или ризикува да ја изгуби работата во неговиот ресторан.

dobivaj vesti na viber

Договорот за необјавување (НДА) беше претходно познат елемент на тужбата, но поднесокот до државен суд во Флорида го наведува нејзиниот став за клучниот доказ.

Според „Ју-ес- тудеј, адвокатот на Херман напишал: „Господин Вудс ѝ беше шеф на госпоѓа Херман. При прикажувањето на настаните од страна на г-дин Вудс, тој ѝ наметнал договор за необјавување како услов да ја задржи работата кога таа почнала да има сексуални односи со него. Шеф кој наметнува различни работни услови на својот вработен поради нивниот сексуален однос е сексуално вознемирување“.

„Тајгер Вудс, меѓународно познатиот спортист и една од најмоќните фигури во глобалниот спорт, одлучи да продолжи со сексуална врска со својата вработена, а потоа – според него – ја принуди да потпише NDA за тоа или во спротивно ќе биде отпуштена од работа,“ стои во документот поднесен од нејзиниот адвокат.

Можете да прочитате

Алмодовар: Уметниците имаат морална должност да зборуваат за политичките прашања

Палау ја забрани употребата на креми за сончање со воведување такса од 100 долари по нејзина употреба

Најголемиот град во светот има 73 милиони жители, а многумина не слушнале за него