Утрински Весник
Македонија

Герасимовски најави нови програми во училиштата против врсничко насилство

Герасимовски најави нови програми во училиштата против врсничко насилство

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски одржа состанок со директорките на општинските основни училишта, на кој се разговараше за зголемување на безбедноста и сигурноста на учениците.

dobivaj vesti na viber

Директорките на училиштата го информираа градоначалникот за активностите кои ги спроведуваат тековно, а се поврзани со превенција на булингот, препознавањето на проблеми кај децата и нивно решавање.

„Ние, родителите ја имаме најголемата одговорност во воспитувањето на нашите деца. На директорките им дадов конкретни насоки – до крајот на оваа недела да свикаат состаноци на сите училишни тела: Совет на родители, Училишен одбор и родителски средби, да се поразговара за актуелните состојби и заедно со децата, родителите и наставниците да работиме на решавање и на надминување на проблемите на децата во училиштата“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Герасимовски од директорките побара да му достават списоци на сите обуки реализирани во минатиот период, а се поврзани со булинг и врсничко насилство. Основните училишта до општината треба да достават и нови предлози, проекти и идеи со кои заеднички, општината, наставниот кадар, учениците и родителите ќе можат да работат на решавање и надминување на состојбите.

Финалниот заклучок од состанокот на градоначалникот со директорките е дека покрај проектите и активностите на општинските основни училишта, од исклучително значење е самите родители да обрнуваат повеќе внимание на своите деца, да разговараат со нив за нивните проблеми и да вложат повеќе напор во меѓусебната комуникација.

Можете да прочитате

„Ако е болна на носилки во полиција“ – тензична полициска акција во Демир Хисар

Утре презентација на повеќе едукативно-превентивни кампањи во Охрид

Александар Саша Димитријевиќ се ожени – свадба со партиски врв во „Риас“