На денешен пред 78 години беше победено едно од најголемите зла во современата светска историја, велат од СДСМ.
Победата над фашизмот, како што е нагласено во нивното соопштение, отвори нов период во историјата, период на пријателство, соработка и интеграција, кое подоцна прерасна во обединета Европа.
Токму победата над фашизмот и Европа се темелни вредности на СДСМ, потенцираат од оваа партија.
„Државноста на Македонија почива на антифашистичката борба, а полноправно членство во големото европско семејство е наша стратешка цел поставена уште на денот на независноста. Нашите предци, во антифашистичката борба, со својот живот се вложиле во идеалот за слободна македонската држава. Нашата борба, сега е да се избориме за европска иднина на македонската држава“, се додава во напишаното од страна на владејачката партија.
СДСМ, како што додаваат, секогаш е на вистинската страна на македонската историјата, од процесот за мирно осамостојување и меѓународно признавање, па се до почеток на преговорите со Европската унија.