Претседателот на Србија, Александар Вучиќ го коментираше вечерашниот протест против насилството и рече дека „се се сведува на укинување на телевизиите Хепи и Пинк “. Тој рече и дека „прецизно е изброено“, и дека на протестот имало 9.000 луѓе.
„Очекував одредена сериозност и одговорност. Знаев дека тоа нема да се случи. Во среда и четврток се случуваат трагедии, а веќе се согласуваат од опозицијата да одржат митинг во недела, додека е Ден на жалост. Кога немаш свои планови и идеи, гледаш да користиш надворешни настани“, рече на почетокот Вучиќ.
Тој додаде дека како претседател на Србија побарал вакво нешто да не се организира.
„Не затоа што сум исплашен или е заканувачки на кој било начин, туку затоа што сметав дека тоа е лошо за земјата. Очекував дека денеска ќе понудат некои мерки во друга форма. За реновирање на училиштето „Владислав Рибникар“ треба да вложиме околу 7 милиони. Очекував такви идеи. На крајот на сите предлози, се се сведе на сува политика, ни секунда не се загрижија за иднината, освен да ги откажат Хепи и Пинк, рече Вучиќ.
Тој додаде дека на денешниот протест „Србија против насилството“ имало најмногу девет илјади луѓе. Организаторите на протестот „Србија против насилството“ објавија дека таму има околу 50.000 луѓе.
„Денеска зедовме многу оружје, тоа ќе продолжи и во наредните денови, ќе воведеме повеќе полицајци во училиштата, повеќе психолози, ќе продолжиме да инвестираме во државата, а тие нека продолжат да се закануваат“, рече тој.