Утрински Весник
Свет

Уапсен лекар осомничен за убиство во Германија

Уапсен лекар осомничен за убиство во Германија

Германската полиција уапси специјалист по кардиологија суспендиран од берлинската болница Шарите поради сомнение за убиство, соопшти денеска германското обвинителство.

dobivaj vesti na viber

Според Ројтерс, кардиологот е осомничен дека свесно давал високи дози на седативи на двајца критично болни пациенти на интензивна нега кои починале како резултат на тоа.

Обвинителите започнаа истрага по суспензијата во 2022 година, но налогот за апсење можеше да биде издаден само по добивањето лекарски извештај кој покажува дека високите дози на седативи не се медицински оправдани, се додава во соопштението.

Агенцијата потсетува дека на тоа кардиолошко одделение имало вкупно четири сомнителни случаи, но било потврдено дека само во два случаи била неоправдана употребата на седативи.

Осомничениот, како што се наведува во соопштението, денеска ќе се појави пред берлинскиот суд.

Можете да прочитате

Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба

26 земји се подготвени да испратат војници во Украина

Најавени две нови иницијативи во ЕП за изгласување недоверба на Еврокомисијата