Утрински Весник
Свет

Зеленски објасни како ќе го победи Путин

Зеленски: Советот за безбедност на ОН да одговори на руските напади врз инфраструктурата

Русија ќе биде поразена на ист начин како што беше поразен нацизмот во 1945 година, изјави денеска украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

„Старото зло што го донесе модерна Русија ќе биде победено на ист начин како што беше поразен нацизмот“, рече Зеленски по повод победата на сојузниците над нацистичка Германија и крајот на Втората светска војна.

„Како што тогаш заедно уништувавме зло, така и сега заедно уништуваме слично зло. Ова зло, иако денес не е исто, има иста цел: поробување или уништување“, рече Зеленски.

Тој го сними говорот пред големата воена парада во Москва, на која ќе присуствува и рускиот претседател Владимир Путин.

„Ќе победиме!“, рече Зеленски пред меморијалниот комплекс на Втората светска војна во Киев.

Можете да прочитате

Трамп имал продуктивен разговор со Зеленски, потврди Белата куќа

Братот на новиот папа: Му реков да не го избира Лав

Протекоа детали за голем пресврт во изборот на новиот папа: Овој кардинал предводен од 49 гласа, отишол на ручек, а потоа…