Овогодинешните изведувачи на Еврсонг беа пречекани на тиркизен тепих во Ливерпул во неделата на свеченото отворање на настанот, кој треба да заврши во сабота.
Церемонијата на тиркизниот килим, на кој прошетаа сите 37 изведувачи, беше отворена во неделата попладне во градот домаќин на музичкиот натпревар.
Евровизиските фанови наредени на едната страна од тепихот вееја знамиња и шалови во знак на поддршка на своите земји.
Подготовките за изборот на песна на Евровизија се во полн ек во Ливерпул, кој е домаќин на натпреварот наместо Украина поради војната.
Првото полуфинале ќе се одржи во вторник, второто во четврток, а финалето во сабота.