Утрински Весник
Свет

Затруени 49 деца од гас што истекол во основно училиште во Осака

Затруени 49 деца од гас што истекол во основно училиште во Осака

Четириесет и девет ученици денеска пријавиле дека имаат мачнини, а најмалку осум се пренесени во болница, откако било пријавено истекување на гас во основно училиште во префектурата Осака, соопштија локалните власти.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека утринава околу 10 часот по локално време добила дојава од противпожарната служба дека во основното училиште Камеи во градот Јао бил откриен мирис на гас, пренесува агенцијата Кјодо.

Полицијата потврди дека локалните власти го истражуваат потеклото на мирисот. Во училишниот терен се забележани неколку возила на брза помош и противпожарни возила.

„Кјодо њуз“ пишува дека во близина на училиштето биле забележани неколку возила на брза помош и противпожарни возила. Локалните жители гледаа како пожарникарите минуваат низ училишната зграда, а родителите дошле да ги земат нивните деца.

Можете да прочитате

Украинската делегација пристигна во Истанбул на разговори со Москва

Пад на приходите кај германнските угостители

„Билд“: Германија планира да го заостри законот против тероризам и шпионажа