Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица чинат 150 милиони евра, нема да дозволиме хаос со коридорите

СДСМ: Медарите од ДПМНЕ се неспособни, една година градоначалниците од оваа партија не работат ништо

ВМРО-ДПМНЕ, партијата позната по провизиите и промашени проекти за автопати заедно со проруската Левица водат хајка против делниците од коридорите 8 и 10Д и против реномираната американска компанија Бехтел.
Реализацијата на најголемиот проект во инфраструктурата во историјата на државата, во вредност од 1,3 милијарди евра, покрај унапредување на безбедноста во сообраќајот, ќе обезбеди  најмалку 600 милиони евра за домашните компании, пристап до две нови пристаништа Драч и Бургас, раст на БДП.
Со предог законите кои влегуваат во собраниска процедура, се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата.
Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги чини граѓаните 150 милиони евра и дополнително загубено време.
СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, презема се за да ги надмине блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и овој проект за изградба на паневропските коридори да биде завршен и побрзо и поевтино, се вели во соопштението од СДСМ.

 

dobivaj vesti na viber

Можете да прочитате

Од ноќеска поскапуваат сите горива – РКЕ со нова одлука

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

ФЗО ја алармира јавноста: Граѓани добиле лажни пораки за рефундации