Утрински Весник
Свет

(Видео) По чорапи и во скафандер, убиецот од Младеновац донесен во полициска станица

(Видео) По чорапи и во скафандер, убиецот од Младеновац донесен во полициска станица

Убиецот  Урош Блажиќ, кој синоќа кај Младеновац, недалеку од Белград, уби осум лица, а рани 14,  полициски сили го донесоа во полициската станица во Смедерево. Го донесоа во комбинезон, само со чорапи на нозете.

dobivaj vesti na viber

Како што неофицијално дознава Телеграф.рс, полицијата го одвела да ја пронајде и предаде автоматската пушка од која пукал, па доцна попладнето пристигнал во полициска станица.

Урош Блажиќ утрово е уапсен во близина на Крагуевац откако цела ноќ бегал од полицијата.

Потерата по него траела осум часа, селата околу Младеновац биле блокирани, а тој бил уапсен во петокот наутро околу 8 часот во селото Вињиште кај Крагуевац, каде што живеат неговите роднини. Вујкото и дедото на убиецот потоа биле уапсени под сомнение дека му помогнале да се скрие. При бегството тој упаднал во автомобилот на таксист. Таксистот успеал да пријави во полиција дека го видел убиецот,

Можете да прочитате

САД го нападнаа Иран, Иранците возвратија

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд

Во земјотресите во Венецуела досега пронајдени најмалку 920 загинати лица, 3.300 се повредени