Утрински Весник
Свет

„Полицаецот голорак тргна кон убиецот, а тој го уби како ѕвер, во Младеновац беше тотален хаос“, раскажуваат жителите

Жителите на селото кај Младеновац каде беше извршен крвав напад велат дека синоќа владеел целосен хаос во селото.

dobivaj vesti na viber

„Седуммина седеа на клупа до училиштето и лудакот дојде и се паркира преку улицата од училиштето, до продавницата. Излезе од автомобилот и почна да пука по нив. Се се тоа деца кои никогаш не правеле проблеми, а тој ги уби или рани“, вели млад човек од селото кој бил очевидец на крвавиот напад на Урош Б.

„Таа почна да вреска, да вика, да плаче. Верувајте, се се случи неочекувано и во моментот никој од нив немаше шанса да се спаси“, раскажува друг соговорник, додава дека куршуми летале насекаде.

„Еден од нив успеа да се спаси легнувајќи под клупата. Насекаде имаше крв и слушнавме страшни рафали од огнено оружје. Ниту еден момент не застана. Полицаецот тргна кон него со голи раце, но тој го уби како ѕвер“, сведочи жител.

Како што понатаму за „Курир“ изјавија вознемирените жители на селото каде што почна масакрот, некои истрчале од куќата, но веќе било доцна.

„Кога слушнав што се случува, истрчав од куќата, но веќе беше доцна, веројатно и тој ќе ме убиеше. Повикавме полиција и брза помош. Се обидовме да им помогнеме на децата. Срцето ми се кине и не се чувствувам добро од сцената што ја најдовме синоќа“ вели соговорник за „Курир“:

„Децата крвареа, ги носевме на раце. Тие стенкаа, им ги притискавме раните, се беше полно со крв. О Боже, тоа да не се повтори. Само ранетите да преживеат“, вели сожител.

Урош Б.(21) синоќа околу 21 часот и 40 минути во околината на Младеновац го започнал масакрот, а најпрвин бил убиен млад полицаец.

Овој масакр е само еден ден по масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде ученик уби осум ученици и чувар, а рани шестмина од нив и една наставничка.

Можете да прочитате

Хамас вели дека се „подготвени“ за примирје во Газа по прекинот на огнот во Либан

Над седум милиони Американци ќе можат да добијат бесплатни лекови за прекумерна тежина

Марин Ле Пен може да предизвика огромна финансиска криза во Европа