Утрински Весник
Македонија

Скопјанец приведен поради фалсификување исправа

Кривична пријава против две лица од Скопје за давање поткуп на вработена во Одделението за урбанизам

Синоќа во 18.10 часот кај Прждевски споменик во близина на Демир Kапија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода М.К.(21) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

При контрола на возилото „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека табличките кои биле поставени на возилото биле од друго возило.

Претходно, во 17.45 часот, на регионалниот пат Неготино – Демир Капија, М.К. не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, но набргу бил запрен. Возилото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, според МВР.

Можете да прочитате

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење

Иванов се обрати на промоцијата на Стратегијата на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Заев и Филипче дозволиле одгледување на канабис на отворено спротивно на закон?