Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Македонскиот јазик е столб на нашиот народ, неговиот статус како рамноправен со сите јазици во ЕУ е неприкосновен

Ковачевски: Владата и ЕСМ обезбедија стабилно снабдување со струја и парно во услови на најголемата светска енергетска криза

Премиерот Димитар Ковачевски упати честитки по повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, до Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, како и до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Владата на Република Северна Македонија во 2019 година, овој ден го прогласи за Ден на македонскиот јазик во чест на 5 мај 1945 година кога првата влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

„Македонскиот јазик денес е познат и признат како столб на нашиот народ и е втемелен во европското законодавство. За прв пат, со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС, неговиот статус како рамноправен со сите други јазици кои се зборуваат во Европската Унија е неприкосновен“, вели Ковачевски. Тој потенцира дека како надополнување на досегашните активности, Владата на Република Северна Македонија иницира донесување на нов Закон за употребата на македонскиот јазик, со којшто ќе се прошират областите во коишто задолжително се употребува македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, како и востановување на нова државна награда за оддавање признание на високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјава и во странство, којашто се предлага да го носи името на нашиот великан Блаже Конески.

Во честитката до Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, Ковачевски вели:

„Заедно со Вас, дадовме поддршка на активностите за континуирана афирмација на македонскиот јазик преку реализација на интернет-платформата makedonski.gov.mk, на која е поставен дигитализираниот „Толковен речник на македонскиот јазик“. Толковниот речник се надоврза на претходната иницијатива на Владата кога беше дигитализиран и Правописот на македонски јазик, а ја поддржавме и дигитализацијата на сите картотеки во Институтот за македонски јазик, каде после повеќе од 20 години овозможивме вработување на 17 млади луѓе, со што ја докажуваме грижата за македонскиот јазик на дело. Со Вашата континуирана несебична поддршка и афирмација на македонскиот јазик, преточена во конкретни активности, покажавте како се сака, почитува и негува нашето скапоцено културно наследство, кое ќе остане како аманет за идните генерации“, истакнува Ковачевски.

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија