Утрински Весник
Свет

Ученици ја окупираа зградата на убиецот: „Ова не треба да остане неказнето“

Ученици ја окупираа зградата на убиецот: „Ова не треба да остане неказнето“
Dik 300x250 mk

Пред зградата во белградски Врачар каде што живее семејството на Коста кој вчера изврши брутално злосторство, попладнево се собраа околу стотина млади луѓе, пишува Слободна Далмација.

dobivaj vesti na viber

Учениците од неколку белградски училишта, меѓу кои има и матуриранти, сакаат да укажат на системот кој, како што велат, во голема мера пропаднал во Србија.

Новинарите на Слободна Далмација разговараа со 19-годишниот Александар Јокиќ – другар на момче кое ја загубило сестра си во масакрот.

„Сакаме само да апелираме до Владата да преземе нешто околу ова. Убиена е сестрата на наш добар другар. Како и уште седум невини деца и човек кој бил пример за сите. Ова не треба да остане неказнето, дете самото да влезе на училиште и да направи масакр.

Бараат да се воведе закон со кој и по 12 години некој ќе може кривично да се гони.

„Што се однесува до момчето што го направи тоа, очигледно бил под влијание на општеството и не му било добро во главата кога на училиште влегол со пиштол и го направил тоа. Се надевам дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се случи во Србија“, рече Александар, пишува Слободна Далмација.

Можете да прочитате

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

Се повеќе белгиски државни службеници отсуствуваат од работа поради стрес и премореност