Утрински Весник
Свет

Во поплавите во Руанда загинаа 130 луѓе, уништени над 5000 домови

Во поплавите во Руанда загинаа 130 луѓе, уништени над 5000 домови

Во поплавите во Руанда оваа недела загинаа 130 луѓе и уништија повеќе од 5.000 домови, изјави заменик владиниот портпарол. Обилните дождови од вторникот вечерта предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во западните и северните провинции на земјата.

dobivaj vesti na viber

„Досега забележавме 130 смртни случаи. Се уште има 77 повредени, од кои 36 се во болница. Петмина се водат како исчезнати“, изјави Ален Мукуралинда, заменик портпарол на владата. Тој додаде дека поплавите целосно уништиле повеќе од 5.100 куќи и делумно уште 2.500, а сите луѓе кои живееле во тие домови сега треба да се преселат.

Обилни и чести врнежи од крајот на март

За време на посетата на погодените области во западна Руанда во четвртокот, премиерот Едуард Нгиренте рече дека потрагата се уште е во тек бидејќи некои тела сè уште се закопани во калта, што значи дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Мукуралинда рече дека се уништени 17 патишта и 26 мостови, болници и пет здравствени домови. Тој рече дека владата испратила помош во храна, средства за хигиена, постелнина, кујнски прибор и тие се транспортираат во најтешко погодените области во западната провинција. Руанда се соочува со обилни и чести дождови од крајот на март.

Можете да прочитате

Трамп планира уште првите денови во Белата куќа да потпише стотина извршни наредби

Црните кутии на авионот на „Џеџу Ер“ не содржат податоци за последните четири минути од летот

САД ја зголемија наградата за апсење на Николас Мадуро на 25 милиони долари